Во среда на 1-ви Август свечено се отвори новото Бистро во комплексот Вилиџ Вања Камчев.
Работното време на ресторанот е од 11:00 до 20:00 часот, а на површина од 260 м2 располага со над 50 седишта за гости. Лоциран е на 250 метри од меѓуградската автобуска станица во комплексот Вилиџ Вања Камчев (поранешна фабрика „Отекс”).

 

Во вкусните квалитетни јадења и најниски цени уживаа голем број на жители и посетители на Охрид. На редовните ниски цени, првите купувачи во периодот од 12-16 часот имаа дополнителен попуст од 50%, а кафето беше бесплатно во текот на целиот ден.
Во текот на целиот ден редиците гости не се намалуваа, но подготвениот и услужлив тим на Бистро Вилиџ беше добро подготвен да ги услужи.
Ве информираме дека попустот од 20% на редовните цени продолжува во текот на наредниот период.
Бистро Вилиџ Ве поканува да ги пробате вкусните јадења по најниски цени, а воедно и да уживате во пријатниот амбиент на трговско забавниот комплекс Вилиџ Вања Камчев.